Често поставувани прашања
1. Постојат ли нови можности за подобрување на подмачкувањето?
- ДА, преку една нова концепција во ПОДМАЧКУВАЊЕТО НА МАШИНИТЕ, засега единствена без конкуренција.Таа е разработена во САД од DURA LUBE™ Corporation.
2. Што е тоа DURA LUBE™?
- Тоа е прецизна мешавина од високо технолошки нафтени производи и компонентата SR3. Оваа смеса додадена во мало количество(4-5%) во маслата за подмачкување, ја обезбедува до сега најефикасната формула за намалување на триењето и абењето, за зачувување на површините што се тријат.
3. Зошто?
- Затоа што влијанието на DURA LUBE™ и SR3 е насочено директно кон изменување на структурата на површинскиот слој на површините што се тријат, преку намалувањна деформитетите во кристалната решетка на металите.
Како резултат се добива ултратенок и мошне лизгав слој, што драстично го намалува триењето (до 69%) а исто така и абењето.
4. DURA LUBE™ и маслото
Бидејки дејството на DURA LUBE™ е насочено директно врз металните површини, производот нема директен однос врз маслото.Употребата е можна со сите други масла минерални, полусинтетички, синтетички редукциони и др. Додавањето на DURA LUBE™ не бара сменување на видот на маслото и рокот на негова употреба. Нешто повеќе - со DURA LUBE™ маслата работат во поповолни услови бидејки намаленото триење овозможува да се користат масла и со понизок вискозитет.
|